Известување за термините за испит Општа патологија и Судска ветеринарна медицина

Почитувани колешки и колеги,
Ве известуваме дека согласно новите мерки донесени од страна на Кризниот штаб на ФВМС според кои е решено ДА НЕ СЕ ОРГАНИЗИРААТ ИСПИТИ СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО НА СТУДЕНТИТЕ, поради актуелната епидемиолошка состојба во земјата, испитите по предметите Општа Патологија и Судска Ветеринарна медицина се откажуваат. Оваа препорака ќе важи се додека епидемиолошката состојба не се подобри, по што ќе бидете дополнително известени за новите термини.