Известување до дипломираните студенти на ФВМ – Скопје

Почитувани дипломци,

Ве известуваме дека на 15.11.2021 година(понеделник) со почеток во 12,00 часот на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје ќе се одржи свеченото доделување на дипломи на дипломираните студенти на факултетот.

Предвидено е Деканот, проф. д-р Лазо Пендовски, да ги поздрави дипломците и свечено да ги врачи дипломите. Вашето присуство на свеченоста е задолжително, но доколку не сте во можност да ја подигнете дипломата лично, лицето кое ќе дојде да ја подигне во Ваше име, треба да приложи полномошно  од вас за подигнување на диплома заверено од нотар.

П.С. Напомена:

Ве молиме да бидете присутни во 11.30 часот на студентски прашања за да можете да ја подигнете својата  свечена одора која ќе ја носите на доделата на дипломи.

Известување до дипломираните студенти на ФВМ – Скопје