Потпишан меморандум за соработка со Општина Гази Баба

На 26 Март 2018 година во просториите на Факултетот за ветеринарна медицина –Скопје е потпишан меморандум за соработка со Општина Гази Баба преставувана од градоначалникот г-дин Борис Георгиевски и деканите на факултетите во општина Гази Баба, (проф. д-р Лазо Пендовски декан на Факултет за ветеринарна медицина, проф. д-р Ицко Ѓоргоски декан на Природно-математички факултет, проф. д-р Вјекослав Танасковиќ декан на Фалултет за земјоделски науки и храна, проф. д-р Зоран Трпоски декан на Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер, проф. д-р Кирил Сотировски декан на Шумарски факултет), како и со проф. д-р Климе Белески директор на Земјоделскиот институт и со Државниот студентски дом Скопје прествуван од директорот г-дин Дарио Николовски.

Со меморандумот за сосработка се предвидува развој на стратешки документи, студии, анализи и трансфер на знаења на таргетирани групи од сферата на земјоделската дејност и храна, шумарството, природно – математичките науки и областа на ветеринарната медицина и ветеринарното јавно здравство како и соработка во реализација на заеднички проекти од различни сфери на интерес на сите страни и нивно аплицирање пред домашни, европски и други фондови.

Со овој меморандум се зајакнува и потврдува заедничка соработка со која се овозможуваат подобри услови за студирање на студентите.