Доделени дипломи на 23-та генерација студенти која ги заврши студиите на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје

На 14 Ноември 2017 година, на патрониот ден на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, деканот проф. д-р Лазо Пендовски, ги додели дипломите на 23-та генерација студенти која ги заврши студиите на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје.

Притоа од името на сите професори и соработници им го честита успешното завршување на студиска програма ветеринарана медицина и им посака успешна професионална кариера.

Доделувањето на дипломи се совпадна со 90-ет годишниот јубилеј од почетокот на иституционалното дејствување на ветеринарната дејност во Македонија, чии развоен пат започнал уште од 1927 година кога за прв пат бил основан Ветеринарскиот отсек во Скопје кој својот развој го продолжил преку Ветеринарниот институт, а кој пак, денес својата работа и дејност ја изведува во Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје при Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје.