Јавна одбрана на Докторска дисертација – Бранко Анѓеловски, ДВМ

Во согласност со одлуката на Наставно – научниот совет на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје бр. 0202- 2046/6 од 7.11.2017 година, соопштуваме дека

На ден 29.11.2017 година (среда) со почеток во 12 часот во просториите на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, во предавална бр. 2, Бранко Анѓеловски, доктор по ветеринарна медицина, јавно ќе ја брани докторската дисертација под наслов:

„Застапеност и значење на синдромот на постпородилната дисгалакција кај фармски одгледуваните маторици во Република Македонија“.

Докторската дисертација можете да ја погледнете тука.

Одлуката за јавна одбрана можете да ја погледнете тука.