Во рамки на Неделата за подигнување на свеста за рационална употреба на антибиотици, на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје се одржа Едукативна работилница на тема: Едуцирај. Застапувај. Дејствувај сега.

Целта на работилницата беше да се подигне свеста кај идните доктори по ветеринарна медицина и доктори по медицина за растечкиот проблем на AMR и да се потенцира нивната улога во справувањето со овој здравствен предизвик.

На работилницата со свои презентации учествуваа студенти, асистенти и професори од Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје и Студенти од Медицинскиот Факултет во Скопје. Учесниците дискутираа за причините за појава на антимикробната резистенција, последиците од нејзиното ширење и стратегиите за нејзино контролирање. 

Работилницата ја истакна сериозната закана од AMR за здравјето на луѓето и животните, нагласувајќи ја  потребата за заедничка активност и проактивен пристап во борбата против овој глобален предизвик.