Тренинг курс за сегашни и идни офицери за биосигурност

Од 20 до 22 Јануари 2015 година на на Ветеринарниот инсистут при ФВМС се одржа Тренинг курс за сегашни и идни офицери за биосигурност (BioSafety Officers, BSO) организиран и поддржан од EuFMD (The European Commission for the Control of Foot-and-Mouth Disease), една од најстарите Комисии на FAO со седиште во Рим. Тренингот беше фокусиран на давање практичен пристап кон минималните стандарди за менаџирање со биоризик во лабораториите кои извршуваат дијагностички испитувања за лигавка и шап, а се преземаат во рамките на Националните планови креирани да ја унапредат приправноста во случаи на појава на болеста. На тренингот беа присутни претставници на ветеринарни лабораториите од Албаниjа, Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово, Црна Гора, Србија и Македонија кои во своите земји работат на дијагностиката на лигавка и шап.

[wzslider height=”450″]