Прв академски час и отворање на новата учебна година 2021/2022

Почитувани студенти,

Со задоволство Ве покануваме на првиот академски час и отворање на новата учебна година, кој ќе се одржи на 01.10.2021 година (петок), со почеток во 11 часот, на отворен простор во дворот помеѓу Универзитетската ветеринарна болница и Институтот за репродукција и биомедицина на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје.

Новата учебна година ќе ја отвори Деканот на Факултетот за ветеринарна медицина проф. д-р Лазо Пендовски, кој накратко ќе го презентира начинот на изведување на наставната програма, согласно одлуките на органите на управување на Факултетот и Универзитетот и свечено ќе им бидат врачени индексите на бруцошите.

Задолжително е носење на заштитни маски, како и почитување на безбедносните мерки од страна на студентите, и останатите присутни.

Со почит,

                                                                                проф. д-р Ксенија Илиевска

Продекан за настава