Постапка за пријавување, подготовка и одбрана на дипломски труд на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје

• Право за пријава на дипломски труд студентот стекнува откако ќе ги положи сите предметни програми предвидени со студиската програма, односно откако ќе ги освои предвидените 300 кредити кои се услов за упис на единаесети семестар.
• Студентот пријавува тема за изработка на дипломски труд од предложените теми на посебен формулар ( пријава ) кој се доставува до Студентската служба.
• Студентската служба ја препраќа пријавата до катедрата ( менторот ), кој праќа потврда за пријавената дипломска тема до продеканот за настава за одбрување.
• При одобрување на темата, продеканот за настава на предлог од менторот назначува Комисија за прегледување и оценување на изработениот дипломски труд.
• Дипломскиот труд се пишува и се брани на македонски јазик.
• Дипломскиот труд студентот може да почне да го работи по освојување на вкупно 320 кредити, односно по освојување на кредитите од самостојната пракса надвор од рамките на Факултетот.
• Изработката на пријавениот дипломски труд не може да трае пократко од 30 дена и не подолго од 90 дена од датумот на освојување на кредитите. На образложено барање од студентот продеканот за настава може да го продолжи овој рок, но не подолго од шест месеци.
• Во случај кога студентот не го предал дипломскиот труд во рок, тој е должен да започне постапка за пријава на дипломски труд со нов наслов.
• Студентот го предава трудот во три примероци отпечатени на хартија и еден примерок во електорнска форма, преку Архивата на Факултетот до членовите на комисијата. Електронскиот примерок од дипломскиот труд се чува во библиотеката на Факултетот.
• По правило, одбраната на дипломскиот труд се врши по истекот на седум работни дена, сметано од денот на предавањето на изработениот дипломски труд.
• Комисијата има должност во рок од 5 работни дена по приемот на трудот да го прегледа и да го оцени, и образецот за оценка на напишаниот дипломски труд, пополнет да го предаде на продеканот за настава.
• Доколку сите оценки од членовите на Комисијата се позитивни, продеканот за настава одобрува и закажува термин за јавна одбрана на трудот.

Документи за пријавување на Дипломски труд

Дипломски труд – Упатство
Дипломски труд – Пријава