Реализирана летна практика од страна на студентите од Ветеринарниот факултет во Софија (Бугарија)

Во периодот од 23 до 27 јули 2018 год. на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје беше реализирана летна практика од страна на студентите од Ветеринарниот факултет во Софија (Бугарија) Вела Балабурова и Теодора Илиев, предводени од асс. м-р Илиана Ружанова. Оваа практика студените ја реализираа на нашата Универзитетска ветеринарна болница – Клиника за домашни миленици и копитари.