Конкурс за запишување на студенти на втор циклус Специјалистички студии безбедност и квалитет на храна на Факултет за ветеринарна медицина-Скопје во учебната 2021/2022

Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на втор циклус специјалистички студии на студиската програма „Безбедност и квалитет на храна“ (специјалистички студии) на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2021/2022 година, пријавувањето на кандидатите за ПРВИОТ уписен рок на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје ќе се одржи од 20.09.2021 до 29.09.2021 година.

На Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, во ПРВИОТ уписен рок има слободни места за 20 студенти.

Пријавувањето со документи ќе се врши на Студентски прашања, а претходно кандидатите треба веќе да се електронски пријавени во IKNOW системот.

Документи за пријавување и запишување

Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.

Во iKnow треба да се одбере Втор циклус специјалистички студии на студиската програма „Безбедност и квалитет на храна“.

Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.

Пријавувањето на кандидатите се врши електронски, со испраќање на електронска пошта (e-mail) на една од електронските адреси кои факултетите ќе ги објават за пријавување на кандидатите.

Во предмет (Subjekt) на електронската пошта, кандидатите го наведуваат бројот што автоматски им го генерирал системот за електронско пријавување.

Во прилог на приjавата, треба да се прикачат (во Attach File) скенирани следниве документи:

  • пријавен лист за запишување;
  • електронска пријава (од upisi.ukim.mk);
  • оригинален документ за завршен прв циклус студии (диплома или уверение);
  • куса биографија (CV);
  • потврда за активно познавање странски јазик;
  • потврда за уплатена административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Тансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Конто 722313 00)
  • препораки од наставни или научни работници (доколку има такви);
  • список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат);
  • документи за евентуални награди, признанија и други документи.

Кандидатите задолжително ќе добијат автоматска потврда дека електронската пошта е примена и дека пријавата е уредно поднесена.

Единиците на своите огласни табли ќе ги објават роковите во кои кандидатите ќе треба да ги поденесат оригиналните документи за пријавување и за запишување

При запишувањето, примените кандидати поднесуваат:

  • индекс и пријавни листови
  • две фотографии (3,5х4,5)

ЗАБЕЛЕШКИ:

  • Во вкупниот износ е вклучена и одбраната на специјалистички труд.
  • На кандидатите им е дадена можност на факултетите/институтите со поголем број студиски програми, освен за првиот избор на студиската програма за којашто конкурираат, да можат да изберат уште една или повеќе студиски програми, односно да се определат и за втора, трета итн. студиска програма, доколку не успеат да бидат на ранг-листата на примени кандидати на првоизбраната студиска програма.
  • Детални информации за условите за запишување и студирање на секоја од објавените студиски програми, потребната документација, организацијата и временскиот распоред на студиите, заинтересираните кандидати може да ги добијат на соодветните факултети, односно научни институти – носители на студиските програми.

НАПОМЕНА: Електорнската пријава се пополнува со кирилична поддршка!

Условите, критериумите и начинот на селекција на кандидатите при запишување на интегрираните студии Ветеринарна медицина детално се приложени во Конкурсот на УКИМ.

За дополнителни информации, ве молиме обратете се на: