Ве известуваме дека објавен е Конкурсот за запишување студенти на трет циклус – докторски студии на студиските програми на УКИМ во академската 2020/2021 година.

Во согласност со Законот за високото образование (Службен Весник на РСМ, бр. 82 од 08.05.2018), Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на трет циклус студии – докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (Универзитетски гласник бр. 418 од 30 јануари и 18 февруари 2019 год.), Одлуката на Ректорската управа арх.бр. 02-271/5 донесена на 246. седница, одржана нa 20.2.2020 година, Одлуката на Ректорската управа арх.бр. 02-604/26 донесена на 251 седница, одржана нa 19.06.2020 година и Одлуката од Владата на Република Северна Македонија за давање согласност на конкурсите за запишување на студии од трет циклус на јавните високообразовни установи бр. 44-6081/1 од 19.06.2020 година (Сл. весник бр. 166/2020), Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје објавува

К О Н К У Р С

за запишување студенти на трет циклус – докторски студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во академската 2020/2021 година

Повеќе информации се објавени на веб страната на Универзитетот, во делот на Школа за докторски студии.

Линк до Конкурсот.