Известување од Кризниот штаб на ФВМ-С за превенција од ширење на вирусот Covid-19

Врз основа на одлука на Деканатската управа број 0201-731/8 од 11.03.2020 година Кризниот штаб на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје за превенција од ширење на вирусот Covid-19 на состанокот одржан на 16.03.2020 година ги донесе следниве мерки.

  1. Поради превенција од ширењето на вирусот Covid-19 се ограничува пристапот на ФВМ-С за странки и коминтенти. Поради тоа вратите се отвараат само со електонски картички, а влезот на невработени лица е со претходна најава во архивата на факултетот, телефон 02/3240700.
  2. Се молат сите лица кои имаат потреба за комуникација со ФВМ-С истото да го прават на електроснките адреси и телефоните објавни на веб страната на факултетот.
  3. Мострите за анализа се доставуваат преку шалтерот на приемните оделенија на ФВМ-С. Лицата вработени на примните одленија во текот на работата користат заштитна маска и ракавици, притоа почитувајќи ги правилата за одржувањена дезинфекција на површините и рацете со обезбедените средства за дезинфекција.
  4. Се задолжуваат раководителите на иснтитутите до организираат дезинфекција на влезовите и излезите на зградите на ФВМ-С два пати во текот на денот со обезбедениот дезинфициенс а по потреба и дополнително. Исто така се организира и дезнифекција на сите површини во објектите на факултетот најмалку еднаш во текот на денот.
  5. Се забранува секакво собирање во просториите и во кругот на Факултет за ветеринарна медицина-Скопје за вработени и коминтенти.
  6. Се задолжува деканот на факултетот да изготви допис до ветеринарната комора за намалување на капацитетите на ФВМ-С во врска со спроведувањето на програмите за мониотиринг, и нивна адаптација на постоечките и новонастанатите услови.
  7. Се задолжува раководителот на Универзитетската ветеринарна болница да направи известување на начинот на работење, мерките кои треба да се превземат против ширење на вирусот Covid-19.
  8. Се задолжуваат лицата кои земаат мостри а во консултација со раководителот на институтот, истото да го прават само со претходен договор со Официјалните ветеринари. Мострите да се земаат од собирни пунктови и истите да бидат превземени надвор од просториите односно да се достават дирекно во возилото за транспорт.
  9. Возилата за транспорт по секое излегување на терен, по поминување низ кризни подрачја или секојпат кога за тоа има потреба да се дезинфицираат целосно со пумпа и дизинфициенс обезбедени од ФВМ-С. Лицата кои управуваат со возилата во текот на цело време се обезбедени со маска ракавици и работна униформа. Секое возило е обезбедено со пумпа за дезинфекција и дезинфициенс за површини и раце.

Од Кризниот штаб за превенција од ширење на вирусот Covid-19

Известувањето можете да го превземете тука.