Известување – III циклус студии

Со Одлука на Ректорска Управа бр. 02-756/4 од 22.09.2020 год. се  продолжува рокот за пријавување и запишување на Конкурсот за запишување студенти на трет циклус – докторски студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и тој се продолжува до 15.10.2020 година.

Измената на Конкурсот за запишување студенти на трет циклус – докторски студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во Глава V. Рокови за пријавување и запишување на кандидатите со табеларниот преглед, дополнително ќе биде објавена.

Известувањето со следната содржина е објавено на веб страната на УКИМ, ( линк: http://www.ukim.edu.mk/mk_content.php?meni=152&glavno=8)