Announcements

Reports / Announcements

Се известуваат студентите од IV и од V година дека во периодот од 26 до 29 ноември 2019 година на ФВМС ќе престојуваат визитинг-наставниците од Ветеринарниот факултет во Загреб

  • проф. д-р Ненад Турк (на предметот Заразни заболувања на домашните животни во IV година) и
  • проф. д-р Ален Славица (на предметот Биологија и патологија на риби во V година).

Тие ќе одржат предавања во Предавална 3 од 8 до 12 часот, и тоа:

  • проф. д-р Ненад Турк од 9 до 11 часот, и
  • проф. д-р Ален Славица од 11 до 13 часот.

На овие предавања можат да присуствуваат и студенти од другите години, доколку имаат слободен термин.

Се известуваат студентите на ФВМС дека, согласно со Одлуката на Деканот за распишување на избори на претседател и ченови на Факултетското студентско собрание при ФВМС бр. 03-1951 од 30.10.2019 год., изборите на претседател и членови на Факултетското студентско собрание при ФВМС за академската 2019/2020 година ќе се одржат на 28.11.2019 год. (четврток) во Компјутерската училница (библиотека) од
10 до 14 часот.

Записникот за утврдување кандидати за претседател на Факултетското студентско собрание на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје можете да го превземете тука.

Врз основа на член 37 став 6 од Законот за високото образование (Службен весник на Република Македонија број 82/2018), член 65 од Статутот на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје (Универзитетски гласник бр. 425/2019) и члeн 48 и 49 од Статутот на Факултетот за ветеринарна медицина во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје (Универзитетски гласник бр. 460/2019), Изборната комисија за спроведување на изборите за претседател и на членови на Факултетското студентско собрание при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје го изготви следниов

Записник за утврдување кандидати за членови на факултетското студентско собрание на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје

Exam Results

Subscribe for our announcements

[email-subscribers namefield=”YES” desc=”” group=”Public”]