Известувањa / Соопштенија
Се известуваат студентите од IV и од V година дека во периодот од 26 до 29 ноември 2019 година на ФВМС ќе престојуваат визитинг-наставниците од Ветеринарниот факултет во Загреб
- проф. д-р Ненад Турк (на предметот Заразни заболувања на домашните животни во IV година) и
- проф. д-р Ален Славица (на предметот Биологија и патологија на риби во V година).
Тие ќе одржат предавања во Предавална 3 од 8 до 12 часот, и тоа:
- проф. д-р Ненад Турк од 9 до 11 часот, и
- проф. д-р Ален Славица од 11 до 13 часот.
На овие предавања можат да присуствуваат и студенти од другите години, доколку имаат слободен термин.
Се известуваат студентите на ФВМС дека, согласно со Одлуката на Деканот за распишување на избори на претседател и ченови на Факултетското студентско собрание при ФВМС бр. 03-1951 од 30.10.2019 год., изборите на претседател и членови на Факултетското студентско собрание при ФВМС за академската 2019/2020 година ќе се одржат на 28.11.2019 год. (четврток) во Компјутерската училница (библиотека) од
10 до 14 часот.
Врз основа на член 37 став 6 од Законот за високото образование (Службен весник на Република Македонија број 82/2018), член 65 од Статутот на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје (Универзитетски гласник бр. 425/2019) и члeн 48 и 49 од Статутот на Факултетот за ветеринарна медицина во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје (Универзитетски гласник бр. 460/2019), Изборната комисија за спроведување на изборите за претседател и на членови на Факултетското студентско собрание при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје го изготви следниов