21-от Интернационален Научно-истражувачки Конгрес на студентите по ветеринарна медицина, во Истанбул Р. Турција

Се известуваат студентите од Факултетот за Ветеринарна медицина дека во периодот од 17-19 Април 2019 година ќе се одржи 21от Интернационален Научноистражувачки Конгрес на студентите по ветеринарна медицина, во Истанбул Р. Турција. Факултетот за Ветеринарна медицина ќе учествува со тројца студенти чии што истражувања ќе бидат под менторство на професорите од Факултетот за ветеринарна медицина. Сите заинтересирани студенти со предлог за ментор да се пријават кај продеканот за наука и меѓународна соработка. Датумот за поднесување на абстракт е 01 март 2019 година. Подетални информации за конгресот може да се видат на следната интернет страна:

http://vetbak.istanbulc.edu.tr/en/content/generalinformation/general-information