Реализирана промотивна работилница за Меѓународна Мобилност во просториите на ФВМ-С

На ден 31.05.2022 на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје се одржа Промотивна работилница за Меѓународна Мобилност, на која беа претставени Програмите за мобилност, како ERASMUS, CEEPUS, Меѓународна соработка на факултетот, како и активностите на студентите при студенските организации. Свои обраќања имаа Деканот на Факултетот, Продеканите, Раководителите на програмите за мобилност, како и корисниците на тие програми кои преку споделените искуства дадоа насоки за идните кoрисници на програмите. На работилницата присуствуваа студенти од додипломските студии на факултетот и докторанди на докторските студии при ФВМС. Оваа работилница е составен дел од работата на Одборот за меѓународна соработка при ФВМС која придонесе кон промоција на мобилноста помеѓу студентите, докторандите, научниот и наставно-научниот кадар на факултетот.