Акредитирани специјалистички студии по Безбедност и квалитет на храна на Факулетот за ветеринарна медицина

Одборот за акредитација на високото образование донесе Решение бр 08-49/7 од 11.12.2020 година со кое се акредитира студиската програма Безбедност и квалитет на храна од втор циклус (специјалистички) стручни студии на Факулетот за ветеринарна медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. 

По завршувањето на студиите студентите се стекнуваат со специјалистички стручен назив “Специјалист по безбедност и квалитет на храна” (Specialist of food safety and quality).

Специјалистичките студии се од подрачјето на Биотехничките науки, поле на Ветеринарната медицина.

Сите дипломирани студнети од областите на ветеринарната медицина, земјоделските науки, природните науки, медицинските науки и др., имаат право за се запишат на студиите.

Факултет за ветеринарна медицина

Решението можете да го погледнете тука.