Протоколи за работа на Универзитетската Ветеринарна Болница со цел превенција од ширење на корона вирусот

Почитувани,

Со цел превенција од ширење на корона вирусот, Ве известуваме дека во престојниот период Универзитетската ветеринарна болница ги превзема следните чекори:

  1. Универзитетската ветеринарна болница, работи непречено секој работен ден со почеток од 09 до 15:30 часот;
  2. При прием на пациенти, сопствениците задолжително треба да го почитуваат редоследот во чекалната, каде може да присуствуваат најмногу до двајца сопственици со својот миленик и задолжително е носење на заштитна маска;
  3. На приемниот дел во Универзитетската ветеринарна болница поставени се средства за дезинфекција на дланките, Ве молиме следете ги упатствата за редовна примена и ваша хигиена;
  4. Универзитетската ветеринарна болница работи на принцип со претходно закажување на термин за општи/специјалистички прегледи/елективни хируршки интервенции на следните телефонски броеви 071/269-471 или 02/3240 785;
  5. Прегледот, дијагностиката и третманот на миленици, ќе се спроведува без присуство на сопственикот, освен во случаи кога тоа е неопходно;
  6. Предност за прием, преглед и хируршки интервенции имаат домашните миленици кај кои се забележани симптоми на:
  • Акутна траума/крварење/акутен абдомен/отворени скршеници
  • Сомнеж на труење
  • Тежок пород/пиометра/вагинално крварење
  • Гушење, отежнато дишење
  • Интензивно повраќање/дијареа пропратено со симптоми на општа слабост, особено кај млади животни на возраст до 1 година
  • Крварење од природните отвори (усна, носна празнина)
  • Потешкотии при уринирање и дефекација
  • Сомнеж за дилатација/торзија на желудник и страно тело
  • Епилептни напади/офталмолошки и невролошки итни состојби.

 

За сите дополнителни информации, Ве молиме да се јавите на следните телефонски броеви: 071/269-471 или 02/3240 785 или да не контактирате преку нашата меил адреса uvb@fvm.ukim.edu.mk .

Со Почит,

Проф. д-р Ксенија Илиевска

Раководител на

Универзитетска ветеринарна болнива

Известувањето можете да го превземете тука.