Известување за информативна кампања за африканска чума кај свињите

Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје како Национална референтна лабораторија за  испитување на африканската чума кај свињите, стана  партнер во информативната кампања СТОП за Африканската чума кај свињите (#StopASF) организирана од страна на ЕФСА (Европска агенција за безбедност на храна), во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство.

Африканската чума кај свињите е болест која е многу опасна за домашните и дивите свињи. Предизвикува голема смртност кај дивите свињи и свињите во свињарските фарми. Безопасна е за луѓето, но предизвикува големи економски штети во свињарското производство, како и социо-економски последици.

Во моментот не постои вакцина или лек за оваа болест. Затоа, од голема важност е навремено да се превземат активности од страна на граѓаните, туристите, фармерите, ловџиите и ветеринарните лекари.

Целта на оваа кампања е да се спречи ширењето на оваа болест во нашата земја и Југоисточна Европа. Со помош на информативни метеријали треба да се подигне свеста за опасноста од оваа болест. Овие информативни метријали овозможуваат запознавање со болеста и рано препознавање на симптомите на болеста. Исто така, информациите содржат објаснувања како да се постапи во ситуација да се постави сомнеж на оваа болест, кои мерки да се превземат и кој да се контактира. Навремената рекација ќе го спречи ширењето на болеста и големите финансиски загуби во земјата.

Сите промотивни материјали за редовно информирање за оваа болест  може да се најдат на линкот  https://www.efsa.europa.eu/stopASF#/mk/.

 

Со почит,

 Факултет за ветеринарна медицина- Скопје

 

Постерите можете да ги превземете во PDF тука.