Почитувани сопственици на домашните миленици и наши клиенти корисници на услугите на Универзитетската ветеринарна болница при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, со цел превенција од ширење на корона вирусот, согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија, Ве известуваме дека во престојниот период Универзитетската ветеринарна болница ги превзема следните чекори:
- Универзитетската ветеринарна болница, во следниот период ќе работи со скратено работено време, за прием и преглед од 09-13 часот;
- При прием на пациенти, се молат сопствениците да го почитуваат редоследот во чекалната, каде не смее да престојуваат повеќе од еден пациент со сопственик;
- Ве молиме следете ги препораките на Владата на Р. Северна Македонија и Министерството за здравство, за ваша и наша заштита;
- На приемниот дел во Универзитетската ветеринарна болница поставени се средства за дезинфекција на дланките, Ве молиме следете ги упатствата за редовна примена и ваша хигиена;
- Доколку сте патувале во земјите со висок и среден ризик, Ве молиме да се воздржите од посета на УВБ, а доколку е неопходно Ве молиме следете ги наведените упатства;
- По земањето на основните податоци, прегледот, дијагностиката и спроведувањето на терапиите ќе се спроведува без присуство на сопственикот, освен во случаи кога тоа е неопходно;
- Предност за прием, преглед и хируршки интервенции имаат домашните миленици кај кои се забележани симптоми на:
- Акутна траума/крварење/акутен абдомен/отворени скршеници
- Сомнеж на труење
- Тежок пород/пиометра/вагинално крварење
- Гушење, отежнато дишење
- Интензивно повраќање/дијареа пропратено со симптоми на општа слабост, особено кај млади животни на возраст до 1 година
- Крварење од природните отвори (усна, носна празнина)
- Потешкотии при уринирање и дефекација
- Сомнеж за дилатација/торзија на желудник и страно тело
- Епилептни напади/офталмолошки и невролошки итни состојби.
Ве молиме, за сите дополнителни информации, јавете се на следните телефонски броеви: 071/269-471 или 02/3240 785.
Почитувани сопственици и клиенти, Ви благодариме за разбирањето.