Потврдена соработката со „Московската државна академија за ветеринарна медицина и биотехнологија – МВА К.И. Скрјабин“

Делагација од Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје, предводена од Деканот проф. д-р Лазо Пендовски, проф. д-р  Зехра Х. Муслиу, проф. д-р Велимир Стојковски и проф. д-р Деан Јанкулоски, остварија официјална посета на Московската државна академија за ветеринарна медицина и биотехнологија – МВА К.И. Скрјабин, по повод 100 годишнината од основањето на акаедмијата. На официјалната средба е потврдена соработката помеѓу двете институции со потпишување на уште еден договор за соработка со новиот ректор на академијата, проф. д-р Сергеј Владимирович Позабин со кој се потврдува соработката во областа на едукацијата и научноистражувачка работа, како и мобилност студенти и наставно-научен кадар, размена на научни публикации и информации како и соработка при апликација на заеднички научно-истражувачки проекти од зеднички интерес.