Врз основа на член 114, а во врска со член 37 став 6 од Законот за високото образование (Службен весник на Р.М. бр. 82/2018), член 65 од Статутот на УКИМ во Скопје и член 49 од Статутот на ФВМ-С во состав на УКИМ Универзитетски гласник бр. 460 од 18 октомври 2019 година), Деканот на Факултетот ја донесе следната
О Д Л У К А
за распишување избори на претседател и членови на Факултетското студентско собрание на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје
Се распишуваат избори за претседател и членови на Факултетското студентско собрание ФВМ-С.
Изборите ќе се спроведат на 28.10.2019 година (четврток) во Предавална 1, во период од 10 до 14 часот.
Повеќе детали за изборите можете да видите тука.