Јавна одбрана на дипломски труд – Елена Радевска

Врз основа на позитивните оценки на сите три члена на Комисијата за прегледување и оценување на напишаниот дипломски труд (Одлука на продеканот за настава бр. 0901-1467 од 22.08.2019) продеканот за настава одобрува и закажува

 

ЈАВНА ОДБРАНА

на дипломскиот труд под наслов: Вештачко осеменување кај кучињата, изработен од Елена Радевска, број на индекс 1249, на ден 30.08.2019 во 10 часот, во просториите на предавална 2. Јавната одбрана ќе се изврши пред Комисијата во состав:

  1. проф. д-р Владимир Петков (ментор)
  2. доц. д-р Бранко Атанасов (член)
  3. доц. д-р Никола Адамов (член)

Одлуката и соопштението за јавната одбрана можете да ги видите тука.