Во периодот од 16 до 20 јули 2019 година студентите од ФВМС Симона Хаџиска, Андријана Тончевска, Коста Петрески, Владимир Русовски, Елена Митревска, Иван Јанев и Иван Лозанче успешно ја реализираа студентската летна пракса во организација на Ветеринарниот факултет во Софија (Бугарија), која оваа година се одвиваше во Центарот за обуки при Институтот за планиско сточарство и полјоделство во Тројан. Летната пракса опфати две предавања, теренска пракса во една приватна краварска фарма, посета на фармите во рамките на Институтот (за крави, за овци и за кози), како и посета на Природно-научниот музеј во близина на Тројан. Студентите беа придружувани од проф. д-р Игор Улчар, и доц. д-р Бранко Атанасов, кој беше и еден од предавачите.