Визитинг наставник проф. д-р Данијела Хорватек Томиќ од Заводот за болести на живината со клиника при Ветеринарниот факултет во Загреб, Хрватска

Во периодот 1-3.04.2019 година на Катедрата за болести на птиците при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје престојуваше визитинг наставник проф. д-р Данијела Хорватек Томиќ од Заводот за болести на живината со клиника при Ветеринарниот факултет во Загреб, Хрватска.  Проф. д-р Данијела Хорватек-Томиќ ги одржа следните предавања во рамките на наставата по предметот болести на птиците за студентите од петта година:

Понеделник (1.04.2019):

  1. Кампилобактер во примарно производство на живината
  2. Кламидиоза
  3. Цревни вирози кај живината

Вторник (2.04.2019):

  1. Класификација на птици – домашни миленици
  2. Одгледување и исхрана на птици – домашни миленици
  3. Превентивна нега на птици – домашни миленици

Среда (3.04.2019):

  1. Апергилоза
  2. Кокцидиоза
  3. Ектопаразитози