Почитувани студенти,
На деновите 22.11 и 23.11.2018 (четврток и петок) од 13 до 14:30 часот во Лабораторијата за паразитологија и паразитни заболувања ќе се одржи втората едукативна работилница организирана од Интернационалната ветеринарна студентска организација Скопје, на тема: ,,Векторски предизвикани заболувања кај домашните животни”. Работилницата ќе се состои од теоретски и практичен дел. Теоретскиот дел ги опфаќа следните тематски единици:
– Развоен циклус, клиничка слика и терапија на Лајшманиоза
– Развоен циклус, клиничка слика и терапија на Дирофиларија
– Морфолошка дијагностика на Aedes albopictus
Практичниот дел опфаќа:
– Методи за дијагностика на Лајшманиоза
– Методи за дијагностика на Дирофиларија
– Следење на развојните стадиуми на Aedes albopictus
Координатори на работилницата се асс. м-р. Љубица Рашик и Кристина Атанасова, студент на Факултетот за ветеринарна медицина.
Можете да се пријавите на ivsamacedonia1@gmail.com. Потребно е да го напишете Вашето име и презиме, година на студии и одбран ден за учество во работилницата од понудените два датума. Вкупниот број на студенти изнесува 20 студенти (по 10 студенти во една работилница).
Ви благодариме.
Претседател:
Ивана Арсовска
Координатор за едукација:
Борис Димитриевски