Прва едукативна работилница организирана од Интернационалната ветеринарна студентска организација Скопје

Почитувани студенти,

На деновите 25.10 и 26.10.2018 (четврток и петок) од 13 до 15 часот во Универзитетската клиника при ФВМ-С ќе се одржи првата едукативна работилница организирана од Интернационалната ветеринарна студентска организација Скопје, на тема: ,,Лабораториска дијагностика со примена во клиничката пракса кај мали животни.” Работилницата ќе се состои од практичен и теоретски дел. Практичниот дел опфаќа: Земање и манипулација со примероци (преаналитичка фаза) и анализа на примероците (аналитичка фаза), а теоретскиот дел – Интерпретација на резултатите во клиничката пракса (постаналитичка фаза) и интерпретација преку клинички случаи. Координатор на работилницата е доц. д-р. Ирена Целеска.

Можете да се пријавите на ivsamacedonia1@gmail.com. Потребно е да напишете ваше име и презиме, година на студии и одбран ден за учество во работилницата од понудените два датума. Вкупниот број на студенти изнесува 24 студенти (по 12 студенти во една работилница).

Ви благодариме.

                                                          Претседател:

                                                               Ивана Арсовска

Координатор за едукација:

                                                                        Борис Димитриевски