На 20 Септември 2017 година Деканот на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје, проф. д-р Лазо Пендовски и Деканот на Факултетот за ветеринарна медицина од Истанбул, Р. Турција, проф. д-р Гувен Касици, потпишаа билатерален договор за соработка во областа на едукацијата и науката помеѓу двете институции.
Договорот опфаќа студиски престој на наставен кадар, мобилност на студенти, размена на научен кадар за изведување на истражувања и консултации, тренинг на млад научен кадар, оргинизирање на заедничи семинари, работилници и летни школи, подржување на капацитетите за публицирање на научни трудови и др.
Потпишувањето на договорот е потврда за блиската соработка која постои помеѓу Факултетите во изминатите години, која добива се поголем интензитет и се продлабочува во полето на наставата и науката, овозможувајќи јакнење и подигнување на капацитетите на двата Факултета.