
Почитувани бруцоши, идни студенти
Ве известуваме дека Фондацијата „Атанас Близнакоф“ објавува повик за доделување стипендии за студентска извонредност за редовни студенти запишани во прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), во академската 2026-2027 година.
Од вкупно 50 стипендии, 10 стипендии се доделуваат за студентска извонредност, наменети за редовни студенти кои ќе се запишат на точно определени факултети при УКИМ, меѓу кои и Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје.
Повикот е објавен на следниот линк.