Соопштение за почеток на втората (јунска) испитна сесија во учебната 2024/2025 година

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека втората (јунска) испитна сесија во учебната 2024/2025 година ќе се одвива во период од 02 јуни до 04 јули, 2025 година, додека електронското пријавување на испити започнува од 22.05.2025 (четврток) и ќе трае до 01.07.2025 година.

Заверката на летниот семестар ќе се одвива во период од 02-10.06.2025 година преку Службата за студентски прашања.

Повеќе информации за начинот на пријавување на испити (Корисничко упатство IKNOW за студенти).

Соопштение за заверка на летен семестар.

Соопштение за втора испитна сесија и пријавување на испити