ПРОЕКТ ЗА РАЗВОЈ НА ДОМАШНОТО СТОЧАРСТВО

В.д. Деканот на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје, проф. д-р Тони Довенски и Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство г-дин Љупчо Николовски во просториите на Факултетот, остварија средба за долгорочна соработка и финансиска подршка преку програмата за рурален развој за набавка на софистицирана опрема и технологија за равој на ембриотрансферот и употреба на сексирано семе, преку имплементација на проектот за генетско подобрување на млечните раси во фамилијарните фарми на РСМ.

На средбата беа дискутирани и разгледани активностите кои ќе се преземат во следниот период во рамките на проектот со цел развој на говедарството во РСМ и добивање на високо квалитетни генетски грла.