На 13 и 14 октомври 2023 година, на Факултетот за ветеринарна медицина се
одржа втора по ред меѓународна работилница за регенеративна медицина на тема:
Научна и клиничка примена на терапија со матични клетки и плазма збогатена со
тромбоцити (ПЗТ) во ветеринарната пракса (2nd International
Regenerative medicine workshop Scientific and Clinical Application of Stem
Cells Therapy and PRP in Veterinary Practice 2023).
Теоретскиот дел од работилницата се одржа на 13.10.2023 год. на кој светски
познатите експерти од областа на ветеринарната медицина (проф. д-р Луиза
Паскучи [Luisa Pascucci], проф. д-р Мери Марфи [Mary Murphy], проф. д-р Френк
Бери [Franck Barry], д-р Ана Ивановска и проф. д-р Стефано Гроли [Stefano
Grolli] ги споделија своите теоретски и практични сознанија за улогата и
примената на матичните клетки и плазмата богата со тромбоцити во
ветеринарната медицина.
На попладневната сесија која се одржа истиот ден под водство на проф. д-р
Стефано Гроли и Присила Берни, ДВМ докторанд (Priscilla Berni), учесниците
поделени во 3 групи, самостојно имаа можност да подготват плазма збогатена со
тромбоцити и да ги забележат разликите помеѓу гел и течна состојба.
Следниот ден, 14 октомври (сабота) учесници имаа можност да присуствуваат на
теоретскиот и практичен дел каде беа презентирани клиничката примена на
матичните клетки при мускуло-скелетни заболувања и интра-артикуларната
апликација на PRP, кај кадавери и селектирани клинички случаи од страна на д-р
Расел Чендлер (d-r Russell Chandler) и проф. д-р Маурицио Дел Буе (Prof.
Maurizio del Bue).