ОДРЖАН ПРВИОТ АКАДЕМСКИ ЧАС НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ВЕТЕРИНАРНА МЕДИЦИНА-СКОПЈЕ

На 02.10.2023 год., в.д. Деканот на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје проф. д-р Тони Довенски им посака топло добредојде на новозапишаните студенти и со свечено доделување на индексите, ја отвори новата учебна 2023/2024 година.

В.д. Деканот им го честиташе уписот на новите студенти презентирајќи ја накратко студиската програма, посакувајќи им среќен и успешен почеток на академскиот живот укажувајќи им дека во следните 6 години, Факултетот ќе биде нивен втор дом, во кој ќе ги стекнат своите знаења и искуства, кои на крај ќе бидат крунисани со академската титула Доктор по ветеринарна медицина.