Документи и уплати потребни при запишување на студентите во прва година на ФВМ – Скопје во академската 2021/2022 година

Запишувањето на примените кандидати ќе биде на 27.09.2021 г. од 9-14 ч.

За запишување на Факултетот потребно е примените кандидати да ги достават следните документи:

       –     пријава за запишување ( образец А1,се купува во книжара )

       –      електронска пријава и сите изјави (испечатени од IKNOW системот )

       –      оригинални свидетелства од сите класови

  • документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
  • извод од матичната книга на родените оригинал
  • доказ за државјанство на РСМ ( уверение или решение ) оригинал
  • уплатницата од 300 денари оригинал (што беше скенирана)
  • уплатницата за Административната такса во износ од 50,00 оригинал (што беше скенирана)
  • лична карта или пасош (документ за идентификација на кандидатот)
  1. Индекс и Студентска легитимација (се купуваат во книжара)
  2. Формулар за упис на семестар и Статистички лист (се купува во книжара) пополнети
  3. Три фотографии ( две фотографии со димензии 3,5*4,5 и една со димензија 2*3)
  4. Уплатница со цел на дознака ИКСА на УКИМ при ФВМС–Скопје (пп50) уплатена во банка, (информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот Св. Кирил и Методиј  во Скопје)

Назив на примач  Буџет на РСМ – УКИМ – Скопје

Банка на примач НБРСМ

Сметка 100000000063095

Износ 750 денари

Сметка на буџетски корисник единка 1600103689 788 18

Приходна шифра и програма 723012 41

     5. Уплатница со цел на дознака Надоместок за студирање за прв семестар (пп50) уплатена во банка

Задолжително да стои Име и Презиме на студентот со ЕМБГ

Назив на примач – Факултет за ветеринарна медицина – Скопје

Банка на примач – НБРСМ

Сметка 100000000063095

Износ 200 Евра (во денарска противвредност на денот кога се уплатува) во квота со кофинансирање

Сметка на буџетски корисник единка 1600104561 788 15

Приходна шифра и програма 723012 41

Напомена: Во цел на дознака задолжително да се наведе за кој семестар се уплатува, во спротивно ќе се враќааат уплатниците.

  1. Уплатница со цел на дознака Книжен фонд (пп50) уплатена во банка

Назив на примач   Факултет за ветеринарна медицина – Скопје

Банка на примач – НБРСМ

Сметка 100000000063095

Износ 300 денари

Сметка на буџетски корисник единка 1600104561 788 15

Приходна шифра и програма 723012 41

  1. Потврда за персонално осигурување на увид (секој студент може да се осигура во било која осигурителна компанија која што самиот ќе ја избере).

Напомена:

Кандидатите кои нема да носат  комплетна документација и уплатници ќе бидат вратени.

Кандидатите  се запишуваат лично на Факултетот со лична карта. Доколку сакаат тоа да го стори некој друг наместо нив, ќе треба да му дадат полномоштво заверено на нотар.