Почитувани,

Со особено задоволство Ве покануваме да учествувате на 11-тиот Меѓународен научен собир „Денови на ветеринарната медицина“, кој ќе се одржи покрај Охридското Езеро, Република Северна Македонија, во периодот од 16 до 19 септември 2026 година.

Овој настан е наменет за истражувачи, професори, ветеринарни практичари, официјални ветеринари, докторанди и истражувачи на постдокторски студии и претставува одлична можност за дискусија за предизвиците и актуелните прашања во областа на образованието и науката.

Научната програма ќе опфати пленарни и поканети предавања, кратки усни и постер презентации од областите на: здравствена заштита и благосостојба на животните, репродукција, ветеринарно јавно здравје и безбедност на храната, како и ветеринарно и медицинско образование. Научната програма ќе содржи стручно подготвени трудови, избрани од страна на Комисијата врз основа на нивната научна значајност и иновативност.

Во рамките на собирот ќе бидат организирани и стручни работилници за ветеринарни практичари, посветени на современите достигнувања на ветеринарната медицина во секојдневната клиничка пракса на домашни миленици.

Добредојдени се секако и студентите, кои ќе имаат можност да презентираат трудови под менторство на професор или истражувач.

Со нетрпение очекуваме да Ви посакаме добредојде!

Организациски одбор
Меѓународен научен собир
„Денови на ветеринарната медицина 2026“

Повеќе информации може да погледнете на dvm2026.