Јавна одбрана на дипломски труд – Јане Влахов

Врз основа на позитивните оценки на сите три члена на Комисијата за прегледување и оценување на напишаниот дипломски труд (Одлука на продеканот за настава бр. 0901-1520 од 24.11.2020) продеканот за настава одобрува и закажува

 ЈАВНА ОДБРАНА

на дипломскиот труд под наслов: Застапеност на ехинококозата кај говедата при кланична инспекција во источниот регион на Република Северна Македонија, изработен од Јане Влахов, број на индекс 1267, на ден 02.12.2020 година во 11 часот, ќе се изведе од далечина. Јавната одбрана ќе се изврши пред Комисијата во состав:

  1. проф. д-р Јована Стефановска (ментор)
  2. проф. д-р Искра Цветковиќ (член)
  3. проф. д-р Игор Џаџовски (член)

Известувањето и одлуката можете да ги превземете тука.