Прва награда за орална презентација на студентка Лина Накевска од ФВМ-С, која учествуваше на меѓународната конференција во Загреб со две презентации

Лина Накевска, студентка на петта година на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, учествуваше на меѓународната конференција „7th International Congress Veterinary Science and Profession“, во Загреб, Хрватска, во периодот од 5.10.2017 до 7.10.2017. Оралната презентација под наслов „Skin Cytology – Useful Diagnostic Tool for Cutaneous lesion and lumps“, беше прогласена за најдобра орална презентација во студентската сесија за мали животни. Презентацијата беше изработена и презентирана под менторство на проф. д-р Игор Улчар и доц. д-р Ирена Целеска од катедрата за патофизиологија. Покрај оралната презентација, студентката Лина Накевска имаше и постер презентација по наслов „Aggressive Dogs: Assessment and Treatment Considerations“, под менторство на проф. д-р Влатко Илиески од центарот за благосостојба на животните.

Со тоа се докажа дека студентите на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, се препознаени во меѓународните кругови и рамо до рамо можат да се носат со предизвиците на ветеринарната пракса. Затоа, препознавањето на студентскиот интелектуален капацитет е пресудно за нивна интернационална афирмација. Со ова се охрабруваат сите студенти да бидат интегрирани во тековната работа на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, од каде ќе произлезат резултати, како интелектуален производ на нашата работа.