ОГЛАС за ангажирање на десет (10) лица врз основа на договор на дело за потребите на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје

Врз основа на Одлуката на Деканатската управа бр. 0201-152/1 од 03.02.2022  година а во врска со добиената согласноста за ангажирање на 10 лица врз основа на договор на дело добиена од Министерството за финансии со бр. 18-11981/2 од 13.01.2022 година и известувањето од Министертството за образование и наука бр. 14-519/2 од 1.02.2022 година, се распишува

О Г Л А С

за ангажирање на десет (10) лица врз основа на договор на дело за потребите на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје

Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје има потреба од ангажирање на десет (10) лица врз основа на договор на дело, за период до 31.12.2022 година за:

  1. пет (5) лица, со завршено високо образование (доктор по ветеринарна медицина/стручен соработник) за потребите на Факултетот за ветеринарана медицина – Скопје од  полето на ветеринарните и земјоделски науки, природно-математички науки и медицински науки и здравство;
  2. две (2) лица со завршено високо образование (доктор по ветеринарна медицина/стручен соработник) за потребите на Универзитетската ветеринарана болница при Факултетот за ветеринарана медицина – Скопје од полето на ветеринарните и земјоделски науки и природно-математички науки.
  3. три (3) лица, со завршено средно образование (ветеринарен техничар/лаборант) за потребите на Факултетот за ветеринарана медицина – Скопје

Кандидатите треба да ги исполнат општите услови утврдени со закон (доказ за државјанство, доказ за општа здравствена способност за работното место  и доказ  дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност).

Кандидатите треба да ги исполнат посебните услови и тоа:

За работното место под број 1 и 2.:

  • Ниво на стручни квалификации квалификации VII/1 степен со стекнати 300 кредити односно најмалку 240 кредити според ЕКТС.
  • aктивно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) кое се докажува со прилог сертификат или потврда.
  • активно познавање на комјутерски програми кое се докажува со прилог сертификат или потврда.
  • работно време: работни денови (понеделник-петок) со 8 работни часа
  • нето плата: 27.000,00 денари
  • со или без работно искуство
  • лиценца за работа издадена од Ветеринарната комора (само за пријавите на точка 2)
  • препораки, сретификти за обуки од областа и сл.,

За работното место под 3.:

  • ниво на квалификации VA според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 120 кредити според ЕКТС или средно образование со стручен назив кое содвествува на барањето на огласот
  • работно време: работни денови (понеделник-петок) со 8 работни часа
  • нето плата: 20.000,00 денари
  • препораки
  • со или без работно искуство

Заинтересираните кандидати потребно е да достават:

  • пријава која содржи име и презиме, датум и место на раѓање, адреса и место на живеење, адреса на електронска пошта, телефон, со јасно назначување за само една позиција за која се пријавуваат,
  • писмо за интерес (мотивационо писмо),
  • кратко CV на македонски јазик,
  • копија од диплома или уверение за завршено соодветно образование и
  • докази за исполнување на општите и посебните услови од огласот.

Документите се доставуваат во оригинал или заверен препис кај нотар.

Пријавите со документите за исполнување на условите се доставуваат преку архивата на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје со назнака за “Оглас за ангажирање на десет (10) лица врз основа на договор на дело за период до 31.12.2022 година”, на адресата Лазар Поп Трајков 5-7, 1000 Скопје.

Рокот за пријавување е 5 работни дена од денот на објавувањето на огласот односно од 04.02.2022 година.

Изборот на кандидатите ќе се изврши во рок од 5 работни дена по истекот на рокот за пријавување.

Некомплетните документи, пријавите поднесени од еден кандидат кој аплицирал за повеќе работни места и документите доставени по истекот на рокот нема да се земат во постапка на разгледување.

Начинот на спроведување на селекција на кандидатите ќе се спроведе од Комисија за спроведување на постапката со проверка на пријавата со доказите и интервју со пријавените кандидати кои ги исполнуваат условите.

Декан,

                                                                                                             Проф. д-р Лазо Пендовски

Лилнк до огласот