КОМПЈУТЕРСКИ ТОМОГРАФ ВО УНИВЕРЗИТЕТСКАТА ВЕТЕРИНАРНА БОЛНИЦА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ВЕТЕРИНАРНА МЕДИЦИНА – СКОПЈЕ

Следејќи ги најновите достигнувања во ветеринарна медицина, Универзитетската ветеринарна болница при Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје ја претстави новата алатка во дијагностиката на болестите кај домашните миленици преку набавката на нов компјутерски томограф.

За прв пат во нашата држава, Факултетот ги обедини на едно место сите услуги на современата дијагностика кај домашнте миленици, со што се започнува со едно ново поглавје на услуги за врвна дијагностичка процедура на многу болести.

Со набавката на високософицирана компјутерска томографија (SIEMENS Healthineers SOMATOM go. Now) се овозможува брза и прецизна дијагностика кај домашните миленици со примена на минимално зрачење.

Компјутрскиот томограф е од најновата генерација и располага со софтвер за комплексна детекција на сите промени на телото репродуцирајќи квалитетни снимки кои имаат можност за реконструктивен тродимензионален приказ на промените со примена на контрастно средство за уште подетален приказ.

Факултетот за ватеринарна медицина во Скопје како водечка институција во државата, со набавката на нов современ апарат за дијагностички цели дополнително на студентите им овозможи поквалитетно студирање и стекнување на практични вештини и компетиции како идни доктори по ветеринарна медицина, а на клиентите им се овозможува квалитетна услуга за брз аи современа дијагностика на нивните домашни миленици.