Известување за испити за проверка на знаењето на странски јазик

Информации за термините на одржување на контролните испити по странски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, и тоа:

– англиски јазик – 24, 25, 28, 29 и на 30 април 2014 г. од 11 часот; од 5 до 9 мај и од 12 до 15 мај од 11 часот
– германски јазик – 25 април и на 6 мај 2014 г. од 11 часот
– италијански јазик – 28 април и 5 мај 2014 г. од 11 часот
– француски јазик – 7 мај 2014 г. од 11 часот

За другите странски јазици испитот ќе се реализира во договор со Деканатот и со соодветниот професор.

По полагање на контролниот испит, кандидатот добива уверение за познавање на странски јазик на соодветното рамниште во согласност со Европската јазична рамка.
За пријавување за испитот и за сите дополнителни информации, заинтересираните да се обратат во Архивата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.
Контакт-телефон: 02 32 40 436