ДОДЕЛЕНА ПЛАКЕТА ЗА ПРИДОНЕС ВО РАЗВОЈ НА ДЕЈНОСТИТЕ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ВЕТЕРИНАРНА МЕДИЦИНА-СКОПЈЕ ЗА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО

Деканот проф. д-р Лазо Пендовски оствари официјална средба со Министерот г-дин Љупчо Николовски од Министерството за земјоделство шумараство и водостопанство, во просториите на Факултетот. На средбата на министерот му беше доделана плакета и благодарница за доприносот во развојот на дејностите на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје.

Министерството за земјоделство, шумараство и водостопанство е еден од најголемите партнери на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје а во изминатите години остваруваат успешна соработка на полето на безбедност и квалитет на храната. Со поддршка на Министерството преку програмата за рурален развој, Факултетот за ветеринарна медицина набави софистицирана аналитичка лабораториска опрема за контрола на квалитетот и безбедност на храна.

Успешната соработка е  и на полето на едукација каде по иницијатива на министерот Николовски, а во соработка со Министерството за образование и наука и деканот Пендовски, Владата донесе одлука за доделување на стипендии за студенти запишани на додипломски студии на ветеринарниот факултет, со месечна стипендија од 18.000 денари за девет месеци во годината.

Со директната и долгогодишната соработка МЗШВ  успешно придонесува во развојот на македонската ветеринарна професија.