ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје

Драги матуранти, наши идни студенти,

ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје, на 19 август 2022 во периодот 10-12 часот и 12-14 часот, со физичко присуство на секој од факултетите

 Ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера.

Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сè што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности

Прошетајте низ факултетите на УКИМ, запознајте се со нивните физички капацитети, амфитеатри, лаборатории…

Студирајте на Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја!

Учете од најдобрите, студирајте на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје!

Се гледаме на 19 август!!!