ОДРЖАНА ТРИБИНА “ЕАЕВЕ-ФВМС ПРИДОБИВКИ И ПОТРЕБИ”

На 24 јануар 2023 година на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје се одржа трибина со наслов “ЕАЕВЕ-ФВМС ПРИДОБИВКИ И ПОТРЕБИ”. Трибината ја водеа проф. д-р Лазо Пендовски, декан на Факултетот заедно со проф. д-р Ненад Турк, поранешен декан на Факултетот за ветреинарна медицина при Универзитетот во Загреб и визитинг професор на ФВМС. На трибината учествуваа професорите од Факултетот кои се вклучија во дискусиите и ги посочија своите видувања во насока на меѓународната акредитација на Факултетот.

Проф. д-р Ненад Турк ги презентираше придобивките од меѓународната акредитација во ЕАЕВЕ со посебен осврт на студирањето на англиски јазик. Воедно ги претстави можните прдобивки од акредитацијата а особено ја истакна претпознатливоста и видливоста на секој ветеринарен естаблишмент кој е член на оваа асоцијација.

Стратегиска определба на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје е пролноправно членство во ЕАЕВЕ што уште еднаш се потенцираше на трибината од страна на наставно-научниот кадар на Факултетот.