Почитувани студенти,
Ве известуваме дека изборите за претседател и членови на Факултетското студентско собрание ќе се одржат на 03.11.2026 година (вторник), во Компјутерската училница со тајно гласање во период од 09 до 14 часот.
Право да се кандидираат и да гласаат имаат сите студенти со запишан зимски семестар во учебната 2026/2027 година. Доставување на предлози за членови и кандидатура за претседател на Факултетско студентско собрание е најдоцна до 30.10.2026 год. (петок) до 12:00 часот, до Изборната комисија преку Архивата на Факултетот.
Одлуката за распишување на избор на членови и претседател на ФСС можете да ја погледнете тука.