Интерен конкурс за доделување на стипендија „Атанас Близнакоф“

Почитувани,

Врз основа на Одлуката бр. 12-276/3 од 15.2.2019 год. донесена од Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје распишува е Интерен конкурс за доделување на стипендија „Атанас Близнакоф“

Право да конкурираат имаат редовни студенти кои го имаат запишано најмалку трет семестар во учебната 2018/2019 година, во редовните рокови, без презапишување на семестар. На секој факултет во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се доделуваат по 5 стипендии. Висината на стипендијата изнесува 6.000,00 денари месечно и се исплатува 10 месеци во студиската година почнувајќи од октомври заклучно до јули.

Критериумите за доделување на стипендиите се утврдени со Правилникот за начинот и критериумите за распределба на средствата од Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за студентски стипендии бр. 12-276/2 од 15.2.2019 година.

Врз основа на пријавените кандидати, Факултетот донесува одлука за избор на 5 (пет) добитници на стипендија од Фондацијата „Атанас Близнакоф“. Изборот го потврдува Одборот на Фондација кој донесува одлука за потврдување на изборот на добитниците на стипендијата. Доколку за некој кандидат Одборот на Фондацијата на го потврди изборот, од Факултетот ќе побара нов предлог за стипендист од листата на веќе пријавените кандидати.

Деталите и конкурсот можете да ги погледнете тука.