Конкурс за запишување студенти на трет циклус – докторски студии на студиските програми на УКИМ во академската 2019/2020 година

Ве известуваме дека објавен е Конкурсот за запишување студенти на трет циклус – докторски студии на студиските програми на УКИМ во академската 2019/2020 година.

Во согласност со член 149 од Законот за високото образование (Сл. Весник на РМ бр. 82 од 08.05.2018), чл. 208, став 1, алинеја 2 од Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (Универзитетски гласник, бр. 425 од 28.6.2019), Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на трет циклус студии – докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (Универзитетски гласник бр.418 од 30 јануари 2019 година), Одлуката на Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, бр. 02-272/5, донесена на 236. седница одржана нa 19 февруари 2019 година, и Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за давање согласност на конкурсите за запишување на студии од трет циклус на јавните високообразовни установи бр. 45-4825/1 од 4 јули 2019 г., (Сл. весник бр. 139 од 9 јули 2019), Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје објавува

К О Н К У Р С
за запишување студенти на трет циклус – докторски студии на студиските програми на
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во академската 2019/2020 година

Повеќе информации се објавени на веб страната на Универзитетот, во делот на Школа за докторски студии.

Линк до конкурсот на УКИМ: http://ukim.edu.mk/

Објавениот конкурс можете да го видите тука.

Конкурсот објавен во Нова Македонија можете да го видите тука.