Врз основа на позитивните оценки на сите три члена на Комисијата за прегледување и оценување на напишаниот дипломски труд (Одлука на продеканот за настава бр. 0901-1569 од 09.12.2020) продеканот за настава одобрува и закажува
ЈАВНА ОДБРАНА
на дипломскиот труд под наслов: Методи на третман на задржана постелка кај молзните крави, изработен од Изет Абазоски, број на индекс 1222, на ден 21.12.2020 година ќе се изведе од далечина во 11 часот. Јавната одбрана ќе се изврши пред Комисијата во состав:
- проф. д-р Бранко Атанасов (ментор)
- проф. д-р Тони Довенски (член)
- проф. д-р Никола Адамов (член)
Известувањето и одлуката можете да ги превземете тука.