Интерен повик за вклучување во проект за биосигурност на фарми за молзни крави при Катедрата за хигиена на животните и животната средина

Катедрата за анимална хигиена и заштита на животна средина во соработка со уште неколку Катедри при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје (ФВМС) започнува со имплементација на проектот “NAtional Platform for Improving Biosecurity in Dairy Cattle Farms (NAPIB)” чија главна цел е воспоставување на систем за мониторинг и проценка на биосигурноста во македонските фарми за молзни крави. За таа цел во проектот е потребен соработник кој ќе ги има следните задолженија:

  • Организација на работилници, состаноци и тренинзи како дел од проектот или од идната национална платформа за биосигурност;
  • Посета на краварски фарми и собирање податоци;
  • Учество во анализа и обработка на податоци;
  • Учество во подготовка на стручни, научни и промотивни материјали за биосигурност;
  • Комуникација и соработка со релевантни национални и меѓународни институции и организации;

Соработникот ќе биде ангажиран со флексибилно работно време од околу 10 часа неделно, со исклучок на теренските активности каде е предвиден целодневен ангажман во траење од не повеќе од четири недели. Проектот е предвиден да трае 9 месеци.

Сите заинтересирани кандидати се покануваат да се пријават доколку ги исполнуваат следните услови:

  • Да се пред дипломирање на ФВМС, односно да дипломираат во 2021 година или да имаат дипломирано на ФВМС во период не повеќе од една година од објавувањето на овој повик;
  • Да имаат моментален просечен успех на додипломските студии повисок од 8,5
  • Да имаат основно познавање на англиски јазик (комуникација, пишување и читање)
  • Да имаат основно познавање од работа најмалку во Microsoft Excel, Word, PowerPoint или други слични софтверски апликации
  • Да имаат волја да работат на полето на биосигурност и хигиената на животните
  • Да имаат ентузијазам и желба за успех на проектот
  • Да имаат способност за тимска работа, да се комуникативни и да имаат професионален пристап и одговорност кон работата

Избраниот кандидат ќе ги има следните придобивки:

  • Стекнување на вештини за работа на проекти; научни и стручни истражувања
  • Стекнување знаења од областа на биосигурност на фарми
    Учество на меѓународни собири и конференции
  • Воспоставување на контакти со национални и меѓународни организации и институции
  • Вклучување во актуелна област со голем потенцијал за развој во државата
  • Можност за понатамошно вклучување во нови проекти од областа на биосигурноста на фарми при Катедрата и
  • Можност за дополнително лично научно – стручно усовршување во рамките на ФВМС или на релевантни Универзитети во странство

Заинтересираните кандидати треба да достават:

  • CV на англиски јазик
  • Пријава за учество – со приказ на евентуални досегашни релевантни активности на кандидатот, просечен успех од додипломските студии на ФВМС и лична мотивација за вклучување во овој проект. Пријавата треба да биде напишана на англиски јазик и да не биде подолга од 500 зборови.

Документите треба да се достават најдоцна до 31.01.2021 на e-mail: miro@fvm.ukim.edu.mk, а на истиот меил кандидатите може и да се обратат до доц. д-р Мирослав Ќосевски за евентуални прашања и појаснувања.
По завршување на рокот за пријавување сите пријавени кандидати ќе бидат информирани за понатамошната постапка.

Повикот можете да го превземете тука.

Катедра за Хигиена на животните и
заштита на животна средина
доц. д-р Мирослав Ќосевски